Дома Фудбал Нејмар ги загуби нервите: Погледнете ја неговата реакција – судијата мораше да го санкционира

Нејмар ги загуби нервите: Погледнете ја неговата реакција – судијата мораше да го санкционира

Со гол од десеттата минута од судиското надополнување, Ал Хилал успеа да ремизира против Навбахор во првиот натпревар од групата Д на азиската Лига на шампиони.

Натпреварот заврши 1:1, а со еден неспортски потег го одбележа Нејмар кој неодамна потпиша договор со клуб од Саудиска Арабија каде настапува за плата од 200 милиони евра годишно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Против узбекистански Навбахор беше најдобар играч на теренот. Неговиот тим имаше 77 отсто посед на топката, 20 удари кон противничкиот гол, од кои шест во рамките на голот.

Нејмар не постигна гол ниту асистираше при ремито на неговиот тим, но еден момент од натпреварот стана вирален на социјалните мрежи. Тоа беше неспортски потег на Бразилецот, во кој прво го турна противникот на земја, а потоа го удри со топката.

Видеото погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не го направил тоа што го направи Ливерпул во првите четири кола во ПЛ

Ливерпул го продолжи победничкиот тек во четвртото коло од англиската Премиер лига, извоју…