Дома Фудбал Останато „Нејмар денес во секоја смисла е подобар од Меси и Роналдо“

„Нејмар денес во секоја смисла е подобар од Меси и Роналдо“

Вагне Рибеиро, поранешниот менаџер на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар смета дека Бразилецот во овој момент е подобар фудбалер од Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Нејмар со ПСЖ се пласираше во финалето од Лигата на шампионите, а клубот од Париз во недела за првата европска титула во Лисабон ќе игра со Баерн Минхен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Нејмар денес е подобар од Меси и Кристиано и во техниката и во физичката форма. Златната топка сезонава нема да се доделува, а ако се доделуваше за неа сигурен сум дека покрај Нејмар за истата награда ќе се бореа Мбапе и Левандовски“, изјави Вагнер Рибеиро.

Ќе потсетиме бразилскиот репрезентативец во летото 2017 година од Барселона дојде во ПСЖ за 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ИСТОРИСКА ВЕЧЕР НА „САН СИРО“: Лука Модриќ вечерва го стартува моторот на Милан пред 70 илјади навивачи!

Лука Модриќ вечерва од 20:45 часот ќе игра од првата минута во дебито за Милан против Крем…