Дома Фудбал Франција Нејмар го чека подолга пауза: Ќе се вратам подобар и посилен

Нејмар го чека подолга пауза: Ќе се вратам подобар и посилен

ПСЖ вчера го победи Сент Етјен со 3:1 во рамките од 15. коло во Лига 1, а во овој натпревар се повреди Нејмар кој ќе мора да паузира одреден период.

Бразилецот во 84. минута сакајќи да избегне старт од противнички играч незгодно доскокна и и го свитка зглобот. Уште веднаш беше јасно дека повредата не е наивна, со  болна гримаса на лицето Нејмар побара лекарска помнош и беше изнесен од теренот со носилки.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ќе се опоравам. За жал вакви работи се случуваат во животот на спортистите. Треба да ја подигнам главата и да продолжам напред. Ќе се вратам подобар и ипосилен“, порача Бразилецот по повредата.

Според првите најави на француските медиуми Нејмар го чека пауза од шест недели, а тоа значи дека ќе ги пропушти натпреварите со Ница, Монако, Брест, Ленс, Лориен, Лион и со Клуб Бриж во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Интер ја менува стратегијата со Инзаги

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на к…