Бразилскиот офанзивен фудбалер, Нејмар сака да остане во редовите на ПСЖ.
Иако често пати се поврзуваше со заминување во некои други клубови, Нејмар сега има само една желба, а тоа е останување во ПСЖ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барем така пишуваат француските медиуми кои денес објавија дека Нејмар преку своите претставници го известил спортскиот директор Леонардо за неговата желба.
Договорот на Нејмар со францускиот клуб му истекува летото 2022 година, а од клубот се уште не му понудиле нов. Ќе потсетиме, Нејмар во ПСЖ пристигна во 2017 година од Барселона, претходно го носеше дресот на Сантос.