Вчера беше одржана ждрепката за ЕП 2020 година и од неа нашата селекција дозна во кои две групи може да биде доколку се пласираме.
Работите зависат од Романија. Ако Романија се пласира на ЕП ние одиме во група со двата последните светски шампиони и актуелниот европски (Португалија, Франција и Германија). Од друга страна во случај Романија да не игра на ЕП ние ќе одиме група со Австрија, Украина и Холандија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По, ждрепката нашата редакција денес го контактираше напаѓачот Илија Несторовски кој даде свој коментар за овој ждреб. Нестор прво порача да мислиме на Косово, но кога„ веќе би требало да избира негова желба е да играме во втората група (Австрија, Холандија и Украина).
„Најпрво треба да го победиме Косово дома, а потоа да триумфираме и во финалето на Лигата на Нации потоа ќе размислуваме за групите…Но ако би бирал од двете групи би ја избрал групата каде што се Австрија, Холандија и Украина бидејќи тука мислам дека имаме шанси да се надигруваме со Австрија, да им вратиме за двата порази во квалификациите, како и со Украина. „Групата на смртта“ не треба да се коментира многу, но ако на крај бидеме таму ќе ни биде чест да играме со репрезентации кои биле светски и европски шампини“.
„Сепак како што кажав прво да се победи Косово каде што се надевам на поддршка од 35.000 гледачи кои ќе го исполнат стадионот до последното место и ќе ни помогнат во нашата цел да се пласираме на Европското првенство“, изјави Несторовски.