Македонскиот репрезентативец Илија несторовски после седум месеци конечно повторно заигра фудбал и тоа во пријателски натпревар за Удинезе против Копер.
Несторовски се повреди пред Европското првенство и поради тоа не можеше да настапи. Од повредата се врати пред неколку недели но во Серија А не добиваше шанса, па сега заигра на пријателската средба со Копер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Убаво е чов повторно да се врати на терените. Конечно се случи тоа и навистина сум среќен. Овој натпревар за мене беше како финале во Лига на шампиони. Седум месеци бев надвор од терените, неверојатно е кога повторно ќе се вратите. Среќен сум што добро помина затоа што со колената нема шега. Сега ми преостанува напорно да работам. Формацијата 4-3-2-1 е нешто во кое сум играл и во репрезентацијата и добро се чувствувам во неа. Работиме на оваа формација и ќе видиме како ќе растеме“, изјави Нестор.
Во претходниот период Несторовски се поврзуваше со трансфер во екипи од Серија Б, но и екипи од Катар и Кина.