Дома Фудбал Италија „Несторовски е голем професионалец, го заслужи голот“

„Несторовски е голем професионалец, го заслужи голот“

Илија Несторовски вчера беше стрелец на единствениот гол во натпреварот помѓу Удинезе и Фиорентина.

Пред крајот на натпреварот Несторовски со глава по едно нафрлување ја смести топката во мрежата на Фиорентина и донесе важни три бода за својот тим. После натпреварот тренерот на Удинезе, Лука Готи имаше пофални зборови за Нестор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Несторовски добива малку шанса, но тренира со голем ентузијазам. Тренира како да е млад играч, а не играч кој има над 30 години. Го заслужи овој гол, навистина е голем професионалец“, изјави Готи.
За Несторовски ова беше втор гол сезонава во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дел Пиеро остро го нападна италијанскиот фудбал

Легендарниот капитен на Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро во еми…