Дома Фудбал Репрезентации Непријатна шега: Браќата Азар имаа што да му кажат на Бачуаи

Непријатна шега: Браќата Азар имаа што да му кажат на Бачуаи

Репрезентацијата на Белгија лесно оствари пласман на СП во Русија.

Групата со Грција, Босна и Херцеговина, па лесните залаци со Кипар, Естонија и Гибралтар им донесе 28 од можни 30 бодови, а успеаа да ги сопрат само Грција во Брисел одигрувајќи 1:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Квалификациите „Црвените ѓаволи“ ги завршија со Кипар. Дојдоа до лесна победа од 4:0, а за првпат заедно од првата минута играа браќата Азар, Торган и Еден.

Атмосферата во селекцијата на Белгија е навистина импресивна, а тоа покажува и шегата која браќата Азар ја направија за Бачуаи.

Тогран откри за што точно се работи:

„Пред натпреварот му кажавме на Бачуаи со сериозен тон дека нема да му ја подаваме топката, бидејќи сакаме да си додаваме само меѓу себе, а тој не погледна збунето. Секако, беше тоа шега во која тој поверува. Штета што на крајот погоди Лукаку бидејќи вака само Азарови би биле на листата на стрелците“, истакна Тогран.

Белгија веројатно и на Мундијалот во Русија ќе има што да покаже бидејќи во моментов имаат една од најмноќните екипи на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Спектакуларен гол на стартот од сезоната: Погоди од половина терен (Видео)

Олимпија доживеа пораз од Копер со 1:3 на домашен терен во петтото коло од Првата словенск…