Ненад Димитријевиќ предизвика огромно разочарување кај челниците на Кошаркарската федерација откако летово дури не ни кажал дека не сака да игра за националниот тим во претваклификациите за СП 2023 (12-18 август).
Селекторот Бајиќ изјави дека Димитријевиќ прво побарал да задоцни две недели, а подоцна не се појавил.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Со Димитријевиќ разговарав уште на 14. јуни и му објаснив дека сме во тешка ситуација и дека очекувам од него да биде лидер на репрезентацијата. Јасно му кажав дека сериозно сметам на него, а дека во квалификациите ќе се обидам да му дадам одмор. Потоа добив повик од неговиот менаџер на 28. јули, побарано беше тој да дојде две недели подоцна. Иако е спротивно моите принципи се согласив. Не можам да сфатам како момче од 23 години бара одмор, но добро поминав преку тоа. На крајот не се појави и на датумот на кој вети, тоа е крајот на приказната. Горан Пандев и на 37 години не му беше тешко да игра за националниот тим, исто и Кирил Лазаров. Казна нема да барам за него, таа треба да стигне од македонската јавност“, изјави Бајиќ.