Дома Фудбал Италија Нема повеќе екипи без победа во Серија А

Нема повеќе екипи без победа во Серија А

Kaљари денес после осум кола ја забележа првата победа во Серија А откако на домашен терен запиша победа против Сампдориај со 3:1. Така во италијанското првенство повеќе нема екипи без победа.

Тимот од Сардинија пред својата публика освои три бода. Двоен стрелец за Каљари беше Бразилецот Жоао Педро, прво во 4. па во 94. минута, а еден гол постигна искусниот Мартин Касерес. Голот за Сампдорија беше дело на Мортен Торсби.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Треба да се спомене и дека тренерот на гостите Д’Aвереса заработи црвен картон поради протест кај судијата. Во следното коло Каљари ќе се сретне со Фиорентина, а Сампдорија оди на дуел со Специја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Серхио Рамос ќе го купува својот поранешен клуб за 450 милиони евра

Серхио Рамос постигна согласност со група клучни акционери за купување на фудбалскиот клуб…