Фудбалерите на Рома доживеаа вистински дебакл во Купот на Италија каде што беа поразени со убедливи огромни 7:1.
Ваквиот пораз ги разлути навивачите на „волчицата“ кои одлучија да ги пречекаат фудбалерите пред тренинг кампот. Дел од фудбалерите на Рома веројатно поради страв не се појавија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако им е за утеха на навивачите на римскиот клуб единствено Патрик Шик беше тој кој застана пред нив и барем им се извини.
Од друга страна пак и тренерот Еусебио Ди Франческо е пред отказ и веројатно ќе го добие ако биде поразен од Милан во натпреварот од 21-то коло во Серија А.