Дома Фудбал Франција Нема крај на проблемите за Рамос во ПСЖ

Нема крај на проблемите за Рамос во ПСЖ

Искусниот дефанзивец на ПСЖ, Серхио Рамос нема да биде во тимот пред утрешното дерби против Монако во француската лига 1, па така неговиот број на настапи за клубот од Париз сезонава ќе остане на еден.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид неодамна дебитираше против Сент Етјен, но во меѓувреме пропушти неколку важни натпревари, а низата против Монако само ќе биде продолжена.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Рамос во наредните денови ќе продолжи со индивидуалните тренинзи со надеж дека што побрзо ќе се врати на терен. Поранешниот капитен на Реал Мадрид минатото лето пристигна во ПСЖ како слободен играч, но поради повредите запиша само еден настап.

Така Маурисио Покетино во одбраната мора да се потпре на тандемот Маркињос – Кимпембе. Натпреварот помеѓу ПСЖ и Монако се игра утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Трагедија го потресе Островот: Синот на големата легенда и екс-фудбалер на Манчестер сити загина по пад од трактор.

Синот на прознатиот англиски фудбалер Стјуарт Пирс го загуби животот во тешка сообраќајна …