Лукас Подолски кој има 39 години минатата недела одигра проштален натпревар во кој учествуваа големи имиња на европскиот фудбал. Славниот напаѓач не можеше да ги задржи солзите пред 50.000 публика Келн каде што ја започна професионалната кариера.
Неколку дена подоцна Подолски објави фотографија од полски рудник. Ќе потсетиме, Подолски е роден во Полска, а под фотографијата додаде:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бог да ве благослови. Никогаш не заборавајте од каде доаѓате“.
На оваа фотографија тој доби и бројни позитивни коментари.
„Роналдо, Меси, Винисиус или Белингем никогаш не би го направиле тоа, а не пак јавно да покажат. Полди остана на земја., Еден е од најдобрите спортисти на нашето време! Пример!“, гласи еден од коментарите.