Дома Фудбал Италија Немаат пари, а се расфрлаат: Игуаин го чинеше Милан преку 10 милиони!

Немаат пари, а се расфрлаат: Игуаин го чинеше Милан преку 10 милиони!

Гонзало Игуаин ова лето се врати во Јувентус после турбулентната сезона која ја помина на позајмица во два клуба.

Минатото лето откако Роналдо пристигна во Јувентус, Аргентинецот беше „вишок“ и се пресели на позајмица во Милан со право на откуп.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Игуаин во Милан помина се на се шест месеци, а на почетокот на оваа година отиде во Челзи на позајмица до крајот на сезоната. Ни во Челзи не му одеше најдобро и се врати во Јува каде оваа сезона има солидна минутажа под водство на Сари.

Аргентинецот требаше да биде огромно засилување за Милан, но се вклупи во „сивилото“ и го напушти клубот после само шест месеци.

Денес италијанските медиуми објавија дека Игуаин за тие шест месеци ги чинел „росонерите“ 10,28 милиони евра.

Во таа сума е вклучена позајмицата и платата на Игуаин која ја добиваше во Милан за шест месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Александар Станковиќ од лето во Интер!

Раководството на Интер донесе одлука дека на крајот од сезоната ќе ја активира клаузулата …