Дома Останати Ракомет Нексе со нов тренер ќе му гостува на Вардар

Нексе со нов тренер ќе му гостува на Вардар

Ракометарите на Нексе добија нов тренер еден ден откако оставка од таа функција си поднесе Хрвоје Хорват кој го наследи Лино Червар на селекторската функција на Хрватска.

Нексе сега ќе го предводи словенскиот тренер Бранко Тамш кој потпиша договор на две ипол години. Дебито словенскиот стратег ќе го има на натпреварот од СЕХА лигата во понеделник кога Нексе ќе гостува во Скопје во дуелот со Вардар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тамш во хрватскиот ракомет веќе го водеше ППД Загреб девет месеци во 2019 година. Отказ доби после лошиот старт во сезоната во Лигата на шампионите, а отпуштен беше после поразот од дански Алборг со резултат 30:20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пожар го премести дербито меѓу Пелистер и Вардар во „Јане Сандански“

Големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер од Регионалниот ракометен турнир вечерва ќе…