Дома Останати Ракомет „Некој сонува да игра во Франција, Германија, Шпанија…Мој сон е Вардар“

„Некој сонува да игра во Франција, Германија, Шпанија…Мој сон е Вардар“

19 годишниот Данец Симон Питилик има интересен сон – да заигра за Вардар!

Птилик играше против Еурофарм Работник во дресот на ГОГ Гудме и на битолскиот тим му даде девет гола. Во ракометна Европа ПСЖ, Барселона, Кил…важат за гиганти. Меѓутоа Јан Питилик е заљубен во Вардар и сонува да го облече црвено-црниот дрес.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Бев еднаш во Македонија и го гледав Вардар, ме импресионираше атмосферата, салата и начинот на кој се доживува ракометот. Тоа го доживеав како дете и сонувам да заиграм таму. Долго време размислувам за тоа. Многумина сонуваат да играат во Франција, Шпанија, Германија…Јас сонувам за неколку години да играм во Вардар“, изјави Питилик.

Во Македонија Питилик беше на Светското првенство за кадети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…