Мартин Кион се прашува од каде Месјут Озил има толкави кредити кај „Професорот“ и на кој начин ги стекнал.
„Прочитав дека оддеднаш повторно се повредил. Против ВБА во понеделникот играше само девет минути. Како успеа да се повреди, не забележав да добие удар. Мене ми се чини дека тој прави што сака. Не разбирам зошто Венгер тоа го толерира. Изминатата недела не отпатува со екипата во Белорусија, веројатно под честа му е да игра таму“, брутално посочи некогашниот дефанзивец на Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Озил во досегашниот тек од сезоната играше на пет натпревари за „Топчиите“ во Премиер лигата, мина на теренот вкупно 367 минути, уште не се запишал во листата на стрелците, ниту забележал асистенција.