Дома Фудбал Англија Озил е „болен“ или можеби е само кукавица?!

Озил е „болен“ или можеби е само кукавица?!

Арсенал на полувреме против Вест Хем во денешниот меч од третото коло има 1:1 на домашен терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, денешниот меч го пропушта Месјут Озил. Сега веќе некогашниот германски репрезентативец на Унаи Емери како што се наведува му посочил дека е болен и затоа го нема во ростерот за мечот против Вест Хем, но што е вистинската причина за неговото изостанување.

Арсенал сезоната ја отвори со два порази, Озил беше мета на критичарите на Островот, а тој се одлучи малку да се повлече и соопшти дека е болен.

Секако, не е исклучено да има одредени здравствени проблерми, но веќе седум пати претходно ги пропушти натпреварите на Арсенал поради „болест“ и обично тоа е кога тој и соиграчите ќе се најдат на мета на критика.

Доколку Арсенал ниту денес не успее да победи ќе следат повторно многу критики, а особено навивачите ќе го затрупаат со пораки Озил, кој се чини малку се поставил и кукавички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…