Дома Фудбал Германија Незадоволство во Баерн, „бунт“ против Нагелсман

Незадоволство во Баерн, „бунт“ против Нагелсман

Играчите на Баерн Минхен се незадоволни од работата на тренерот Јулијан Нагелсман и од принципите според кои тој го избира тимот, пренесува „Кикер“.

Баварците се во криза и по трите последователни ремија доживеаа срамен пораз од Аусбург во Бундеслигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес „Спорт1“ објави текст во кој опишува колку играчите се фрустрирани од однесувањето на тренерот. Се вели дека четворица играчи го водат бунтот против Нагелсман. Станува збор за Садио Мане, Џошуа Кимих, Леон Горецка и Рајан Гравенберг.

„Мане се загуби по силниот старт. По Барселона, тој најави дека ќе се подобри, но веќе против Аугсбург повторно се виде дека Баерн има причина да се грижи бидејќи го одигра најлошиот натпревар од доаѓањето во клубот. Наводно е тажен и безволен“, пишува „Спорт1“.

Што се однесува до останатите споменати играчи, Гравернбер е лут бидејќи сезонава одигра само 218 минути, Горецка затоа што не добива доволно минутажа, а Мундијалот е се поблиску, додека на Кимих му пречи општата ситуација во клубот и не му се допаѓаат некои од идеите на тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Меси: Барселона е мојот дом и ќе се вратам еден ден

Лионел Меси во моментов игра за Интер Мајами, но по завршувањето на кариерата ќе се врати …