Дома Македонски спорт Мак ракомет Недановски: Вардар е тим кој треба да расте, се надевам на добар резултат со Нексе

Недановски: Вардар е тим кој треба да расте, се надевам на добар резултат со Нексе

Вардар утре во четвртфиналето од СЕХА лигата ќе игра против хрватскиот Нексе и победникот од овој меч ќе обезбеди место на Ф4 турнирот кој ќе се игра во Задар.

Пред овој натпревар на денешната прес-конференција зборуваше тренерот на Вардар, Владо Недаовски.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Турнирот во Струга го искористивме како подготовка за тоа што ќе следи. Прво ни доаѓа мечот со Нексе. Во Струга имавме добри и лоши моменти, видовме кои играчи можат да добијат поважни улоги. Нексе е добар тим кој играше фајнлфор во Европската лига пред само два месеци. Скоро секоја година со нив играме по два натпревари, сезонава двапати загубивме“.

„Ги анализиравме, немавме многу видео-материјал затоа што двата натпревари кои ги одиграа им беа од затворен тим. Се надевам на добар реузлтат. Ние имаме играчи кои воопшто не добивале минутажа во минатите години, мораме да имаме трпение, овој тим треба да расте“, изјави Недановски.

Мечот помеѓу Вардер и Нексе се игра утре со почеток од 20:15 часот.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список н…