Како што се открива после завршувањето на трансфер периодот, управата на ПСЖ постигнала договор за доведување на уште еден фудбалер, но сепак се откажале бидејќи сметале дека тоа би било премногу.
Наводно, ПСЖ ова лето договорил уште еден трансфер, но морале да се откажат поради страв од финансискиот фер плеј. После доведувањето на Нејмар и Мбапе, успеале да го убедат Монако да им го продаде Фабињо за сума од 60 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, после пресметките се откажале од трансферот бидејќи сметале дека тоа би било навистина премногу за ова лето.
Потоа во последниот ден од преодниот рок сметале дека за 40 милиони евра можат да го доведат Сери, но ниту за него немаа простор, а не сакаа да го продадат Ди Марија на Барселона, поточно бараа 80 милиони евра бидејќи знаеа дека Каталонците таа сума нема да ја платат.
Сепак и покрај тоа што се воздржаа УЕФА отвори истрага, но после се јасно е дека финансискиот фер плеј е „мртов“.