Се поголеми се во последно време проблемите со повреди на фудбалерите, а посебно тоа изразит проблем во Серија А, тоа е проблем и за репрезентациите кои ги очекува Светското првенство.
Пред Мундијалот во Катар на оваа тема интересен текст направи „Газета дело Спорт“, имено, познатиот италијанскиот медиум состави тим од повредени фудбалери во овој момент и тимот изгледа одлично, дури можеби и би се борел за освојување на Светското првенство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимот на „Газета“ е во формација 3-4-1-2. На голот е Мањан од Милан, потоа во одбраната Калабрија (Милан), Бремер (Јувентус) и Рахмани (Наполи). По страничните позиции место добија Киеза и Ди Марија (Јувентус), додека во средните Брозовиќ (Интер) и Вајналдум (Рома).
Зад нападот е Паоло Дибала (Рома), а најистурени напред (Лукаку) Интер и Имобиле (Лацио). Во составот немаше место за играчи како Погба, Бердарди и Паредес кои се ставени како резерви.