Дома Фудбал Лига на шампиони НЕВЕРОЈАТНИТЕ десетмина: Овие играчи освојуваа титули и во Реал и во Јуве!

НЕВЕРОЈАТНИТЕ десетмина: Овие играчи освојуваа титули и во Реал и во Јуве!

Јувентус и Реал Мадрид имаат повеќемина фудбалери кои биле дел и од едниот и од другиот табор.

Во пресерет на вечерашното финале одлучивме да се потсетиме на фудбалерите кои  настапуваа и за двата клуба.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Прв и најзначаен за двата клуба секако е денешниот тренер на „кралевите“, Зинедин Зидан, кој во 2002 година премина од Торино во Реал Мадрид за рекордни 75 милиони евра.

Подоцна кога Јуве беше исфрлен во Серија Б од италијанскиот во шпанскиот клуб преминаа Фабио Канаваро и Емерсон.

Зинедин Зидан (Јувентус 1996,  Реал Мадрид 2001-2006)

Французинот со алжирско потекло пристигна во Јувентус од Бордо и може да се каже дека во ерата во „старата дама“ немаше среќа. Со Јувентус беше поразен на две финалиња во Лигата на шампионите и тоа во низа 1997 година од Борусија Дортмунд и 1998 година од Реал Мадрид.

Летото 2001 година Флорентино Перез плати тогаш рекордни 75 милиони евра за неговиот трансфер во Реал Мадрид. Во Мадрид Зизу имаше повеќе среќа, бидејќи во 2002 година успеа да ја освои Лигата на шампионите, а во финалето против Леверкузен Зидан беше стрелец на еден од најубавите голови во историјата на ова натпреварување.

Фабио Канаваро (Јувентус 2004-2006 и 2009/2010, Реал Мадрид 2006-2009)

Истото лето кога Зизу се повлече, Канаваро поради аферата „Калчополи“ се пресели од Јуве во Реал Мадрид после освојувањето на Светското првенство. Ја превзема „петката“ на Зидан и освои две титули во Примера и Суперкупот на Шпанија, пред повторно да се врати во Јуве

Емерсон (Јувентус 2004-2006, Реал Мадрид 2006-2008)

Исто како и Канаваро, Емерсон пристигна во Јувентус во 2004 година од Рома, а двете титули му беа одземени поради „Калчополи“. Кога Јуве беше исфрлен во Серија Б за 16 милиони се пресели во Мадрид освои две титули во Примера, а потоа премина во Милан.

Михаел Ландруп (Јувентус 1985-1989, Реал Мадрид 1994-1996)

Данецот обележи една ера во Јувентус, тој беше во ист тим со Мишел Платини. После освојувањето на Интерконтиненталниот куп и Серија А, Платини се повлече во 1987 година, а Ландруп требаше да биде негов наследник. Сепак. Данецот повеќе не освои ниту еден трофеј со Јувентус и премина во Барселона. Во Шпанија направи вистинско шоу освои четири титули со Барселона и една со Реал, во Реал премина директно од Барселона.

Луис Дел Сол (Реал Мадрид 1960-1962, Јувентус 1962-1970)

Тој беше првиот играч кој играл за двата клуба. Во Мадрид освои две титули во Шпанија, Куп на Шампиони и Интерконтинентален куп, а потоа премина во Јуве. Со клубот од Торино во периодот од 1962 до 1970 освои титула во Серија А и Куп на Италија

Роберт Јарни (Јувентус 1994-1995, Реал Мадрид 1997-1998)

Хрватскиот дефанзивец одигра по една сезона за двата клуба. Со Јуве освои Серија А и Куп на Италија, додека со Реал триумфираше во Интерконтиненталниот куп.

Николас Анелка (Реал Мадрид 1999/2000, Јуве 2013)

Скоро и да не се знае каде остави помала трага. Во Реал пристигна од Арсенал за рекордни 30 милиони евра, но потфрли во целост. Во таа една сезона постигна два погодоци во Примера и вкупно седум во сите натпреварувања.

Во Јувентус пристигна како ветеран и позајмен играч од кинескиот Шангај Шенуоха, одигра само три натпревари и не се запиша во листата на стрелците.

Меѓутоа Анелка може да се пофали со титула во Лигата на шампионите со Реал и во Серија А со Јувентус.

Алваро Мората                                                                                                       

Дете на Реал Мадрид, премина директно во Јувентус во 2014 година за 20 милиони евра. Во Јуве беше одличен, освои две двојни круни (Серија А и Куп на Италија), а беше поразен во финалето од Лигата на шампионите од Барселона.

Летото 2016 година Реал ја искористи откупната клазула и го врати во својот тим, а оваа сезона ја освои Примера, Суперкупот на Европа и СП за клубови, ќе видиме дали овој пат ќе биде на победничката страна во ЛШ.

Во првиот мандат во Реал не се наигра, но може да се пофали со титули во Примера, Лигата на шампионите и Кралскиот куп.

Сами Кедира (Реал Мадрид 2010-2015, Јувентус 2015- )

Германецот во 2010 година пристигна во Реал Мадрид после одличното Светско првенство во Јужна Африка.

За „кралевите“ во пет години освои седум трофеи, помеѓу кои една титула во Примера 2012 и Лига на шампиони во 2014 година.

Летото 2015 година пристигна во Јувентус како слободен играч, бидејќи му истече договорот со Реал и не беше во плановите на Карло Анчелоти. Во Јувентус започна одлично, освои две титули во Италија, а сега има шанса да ја освои и Лигата на шампионите.

Гонзало Игуаин (Реал Мадрид 2007-2013, Јувентус 2016- )

Аргентинецот во Реал пристигна како тинејџер од Ривер Плата и за „кралевите“ одигра седум сезона.

Во текот на целиот период имаше огромна конкуренција, а за место во тимот се бореше со Раул и Ван Нистерлој, подоцна со Карим Бензема. Летото 2013 премина во Наполи за 40 милиони евра и стана миленик на навивачите. Меѓутоа минатото лето од миленик се претвори во најомразена личност во Неапол поради трансферот во Јувентус за 90 милиони евра. Во Јувентус во првата сезона постигна 32 погодоци на 54 натпревари, освои двојна круна и вечерва има шанса да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…