Дома Останати Ракомет Неверојатна ситуација: На Хрватска и одговара пораз од Германија

Неверојатна ситуација: На Хрватска и одговара пораз од Германија

Хрватската ракометна репрезентација синоќа и официјално остана без никакви шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство.

Хрватите мораа да победат против Исланд, но загубија со пет разлика, а конечниот резултат беше 35:30.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред да си заминат дома, Хрватите треба да одиграат уште еден натпревар против Германија која се бори за пласман во полуфиналето на ЕП.

Хрватска со поразот од Исланд ја загуби и шансата за пласман на Олимписките игри во Париз.

Во случај финалето на ЕП да го играат Франција и Данска (кои веќе се пласираа на Олимписките игри), тогаш третопласираниот од ЕП би отишол директно на Олимписките игри како претставник на Европа.

Хрватска на тој начин својот пат до Олимписките игри ќе го бара преку квалификацискиот турнир што ќе се игра во март.

Хрватите можат да стигнат до квалификацискиот турнир на неколку начини, а постои опција и директно да одат на квалификацискиот турнир доколку Египет победи на Африканското првенство.

Сепак, можеби нема да мора да го чека Египет. По победата на Германија против Унгарија, на Хрватска сега не и одговара само ако Австрија се пласира во полуфиналето на ЕП.

Доколку Унгарија или Германија играат во полуфиналето, тоа значи дека Хрватска е дефинитивно во квалификациите за Олимписките игри, без разлика на пласманот на Египет на африканското првенство.

За да се пласира Германија во полуфиналето, потребно е да ја победи Хрватска, што значи дека на Хрватите им одговара пораз од Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…