Дома Фудбал Останато Неверојатен податок: Ова е доказ дека Јирген Клоп не е тренер за финале (ФОТО)

Неверојатен податок: Ова е доказ дека Јирген Клоп не е тренер за финале (ФОТО)

Германскиот стратег, Јирген Клоп уште еднаш докажа дека победи во финалињата не му одат од рака.

Иако во текот на кариерата со своите тимови често ги доведуваше до финалето во куп натпреварувањата, Клоп успеа само еднаш да освои трофеј во тоа натпреварување. Тоа беше 2012. година, кога Борусија Дортмунд го победи Баерн Минхен во финалето на Купот на Германија со 5:2.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Од тогашдо денес Клоп е целосно неефикасен во финалињата. Прво следно финале во кое го водеше својот тим беше 2013. година – финале во Лигата на Шампионите. Тогаш загуби со 2:1 на „Вембли“, за година подоцна повторно од Баерн да загуби овој пат во финалето на Купот на Германија. Следната сезона во финалето на Купот го победи Волфсбург со 3:1, за на почетокот на 2016. година да загуби и финале во Лига Купот на Англија од Манчестер Сити по пеналите. Истата година загуби финале во Лигата на Европа од Севиља со 3:1, исто како и финале во Лигата на Шампионите од Реал Мадрид.

Инаку, Клоп во тренерската кариера има пет трофеи, два Суперкупа на Германија, две Бундеслиги и еден во Купот на Германија.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шампион во борење обесен во Иран

Во сенка на засилените тензии меѓу САД, Израел и Иран, од спортскиот свет пристигнува возн…