Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа осум натпревари, шампионот се истури на Клиперси, Никола Јокиќ погодуваше тројки од секоја позиции, Бостон и после повредата на Хејвард игра одлично, Орландо е изненадувањето на сезоната, Порзингис ја имаше ноќта на кариерата…
Како што најавивме Никола Порзингис имаше ноќ за паметење. Уфрли 38 поени поени, а неговиот Њу Јорк славеше во натпреварот против Денвер Наџнетс. На другата страна предводник на поразените беше Никола Јокиќ кој постигна 28 поени, запиша осум асистенции и подели две асистенции, но сепак тоа не беше доволно, неговиот тим прими 65 поени во првото полувреме.
.@kporzee goes OFF for a career-high 38 points to lift the @nyknicks past the Nuggets, 116-110! ?? pic.twitter.com/9hQtGZ2Uq2
— NBA TV (@NBATV) October 31, 2017
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Бостон полесно од очекуванто славеше над Сан Антонио во дербито на вечерта. После двата порази на стартот, Селтикси успеаа да направат серија од пет победи, Кајри уфрли 24 поени. Интересно е што ова е прва победа на Бостон против Сан Антонио уште од 2011 година.
What a look ? pic.twitter.com/FqDyEub90O
— Boston Celtics (@celtics) October 31, 2017
Проработи и шампионот, Кари постигна 31 поени од вкупно 141 кои ги постигна Голден Стејт кој во второто полувреме услеа да уфрли 77 поени. За Клиперси ова беше прв пораз во сезоната, дури и повредениот Теодосиќ веројатно не ќе можеше ништо да направи против вака разиграниот тим на Вориорсите.
.@1jordanbell flies in for the putback! ✈️ pic.twitter.com/EusJhBsoOR
— NBA TV (@NBATV) October 31, 2017
Ентони Дејвис уфрли 39 поени и запиша 10 скокови, Пеликаните беа поразени од одличниот Орландо. Овој тим сигурно е најпријатното изненадување на сезоната. Натпреварот веројатно беше одлучен со петте тројки за шест минути на Мариз Спејтс. Орландо имаше процент на шут поголем од 50%. Њу Орлеанс на стартот игра со многу осцилации, што секако не охрабрување, додека како што кажавме Орландо има старто од соништата и со скор од 5:2 делат лекции на стартот од сезоната.
НБА резултати:
ЛА Клиперси – Голден Стејт – 113:114
Портланд – Торонто 85:99
Јута – Далас 104:89
Мемфис – Шарлот 99:104
Њу Орлеанс – Орландо 99:115
Мајами – Минесота 122:125 (после продолженија)
Њу Јоркд – Денвер 116:110
Бостон – Сан Антонио 108:94