На Новак Ѓоковиќ ќе му биде тешко да ја продолжи професионалната кариера доколку не прими вакцина против коронавирусот, предупредува Тим Хенман.
На најдобриот тенисер во светот не му беше дозволено да учествува на Австралија Опен, Тим Хенман смета дека проблемот нема да биде само во Австралија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога ќе размислиме за фијаското со Ѓоковиќ, тоа беше целосен хаос. Немаше победник во тој спор. Тоа што се случи не е добро, ниту за Тенискиот сојуз, ниту за нивната Влада. Секако дека е големо разочарување за турнирот што Ѓоковиќ не игра, но истовремено е разочарување и за Новак. Се надевам дека во иднина нема да бидеме сведоци на нешто слично“.
„Што Ѓоковиќ сега ќе прави: На него ќе му биде тешко да ја продолжи професионалната кариера доколку не прими вакцина затоа што во многу држави тоа е задолжително. Секако, негов е изборот што сака да прави, никој не може да го присилува. Но, јас како љубител на тенисот се надевам дека ќе го гледам на терените“, изјави Хенман.
Првиот рекет во светот е пријавен за настап на турнирот во Дубаи кој ќе стартува на 21. февруари.