Дома Македонски спорт Мак фудбал На Шкендија не и оди лошо во Европа, а навивачите се закануваат и бараат оставка од претседателот?!

На Шкендија не и оди лошо во Европа, а навивачите се закануваат и бараат оставка од претседателот?!

Сосема неочекувано кога Шкендија после неколку години игра добра европзена и отворен резултат против шведски АИК во утрешниот реванш навивачите бараат оставка од претседателот.

Навивачите бараат оставка од Бесник Ибраими, а ако не го направи тоа се закнуваат дека ќе ги објават неговите „валкани работи“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Се молевме Еколог да влезе во Шкендија во 2013 година и сега дали навивачите заслужуваат игнорантски однос од моменталниот лојален претседател Ибраими, кој мисли дека има доволно кредити од нас. Ние имаме само една одлука – замини си што побрзо и тргни ги рацете од нашиот сакан клуб!

Во спротивно ќе продолжиме со радикалното однесување и со активностите за да ја оствариме целта. Попрецизно, ќе ги објавиме сите валканици кои ги има направено претседателот во овој период додека е прв човек на клубот“, стои во клупското соопштение.

Ќе потсетиме, Шкендија во Шведска одигра 1:1 со АИК и сега дома се надева на поволен резултат и плеј-оф во Конференциската лига каде што ќе игра и Шкупи по поразот од Шамрок.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…