Дома Фудбал Англија На теренот катастрофални, а на берзата рушат рекорди: Јунајтед највреден клуб во светот!

На теренот катастрофални, а на берзата рушат рекорди: Јунајтед највреден клуб во светот!

man united

Иако на теренот не им оди баш најдобро и многумина најавуваат дека Жозе Мурињо е пред отказ, акционерите на клубот „тријат раце“.

Имено, на денот кога Манчестер Јунајтед доживеа дебакл од Тотенхем на домашен терен (0:3) акциите на клубот на њујоршката берза забележале годишен раст од 55% и рекордна вредност од 26.05 долари.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Таквата ситуација ја зголеми вредноста на клубот на огромни 4.8 милијарди долари, со што Јунајтед се изедначи со Далас Каубојс и сега со овој клуб го дели првото место на највредни спортски клубови, според „Форбс“.

Јунајтед во текот на сезоната 2016/2017 остварил приход од 737 милиони долари, по што е рекордер, а има и најголем комерцијален приход во спортот во истиот период, 354 милиони долари. Во оваа категорија бележи годишен раст од 19% во последните пет години.

„Манчестер Јунајтед има 659 милиони навивачи во светот, од кои 325 милиони се во Азија. Тие требаат да бидат загрижени како изгледаат на теренот, но навивачите на Вол Стрит бележат само победи“, поентира „Форбс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Чедомир Јаневски пронајде нов клуб

Искусниот македонски стратег Чедомир Јаневски пронајде нов ангажман во Кипар каде што ќе ј…