Фудбалерите на Јувентус овој викенд играат на домашен терен против СПАЛ во рамките на 13. коло од италијанската Серија А.
Старата дама после репрезентативната пауза сака да ја продолжи победничката низа во домашното првенсво, а во гости им доаѓа СПАЛ, на кој не му се даваат големи шанси во овој двобој. Овој натпревар за многу играчи на СПАЛ е посебен, а тоа се однесува и на искусниот Антенучи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 34-годишен напаѓач за италијанските медиуми изјави дека со нетрпение го чека натпреварот против Јуве и Кристијано Роналдо, кој го многу почитува. Дури и јасно порача дека тој ќе го побара дресот на Роналдо, а на соиграчите ќе им го забрани тоа.
„Можеби ќе биде расположен да ми ја исполни желбата и да ми го даде дресот. Сигурно дека за тоа ќе го прашам и ќе се обидам тоа да биде пред натпреварот. Се надевам дека желбата ќе ми ја исполни, а ако и тој го сака мојот дрес, тогаш ќе биде уште подобро. На другите соиграчи им забранив да му го бараат.“ – низ смеа порача Антенучи.