Дома Фудбал Италија На скандалозната изјава на Бонучи одговори и Балотели: Имаш среќа што не бев таму!

На скандалозната изјава на Бонучи одговори и Балотели: Имаш среќа што не бев таму!

Вчерашниот натпревар помеѓу Јувентус и Каљари привлече огромно внимание во фудбалската јавност, но причините не се фудбалски.

Моис Кин и Бонучи предизвикаа лавина коментари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Каљари расистички го нападнаа Кин во натпреварот против Јувентус што е за секоја осудам а Леонардо Бонучи изјави дека грешката е и кај Кин затоа што ги провоцирал навивачите.

„Имаше расистички навреди кон Кин, Матуиди исто така се налути поради тоа. Меѓутоа вината е 50:50. Погреши Моис, погрешија и навивачите. Тој треба головите да ги слави заедно со соиграчите. Треба да бидеме пример, треба да напредуваме зедно за фудбалот да функционира во овие ситуации“, изјави Бонучи после натпреварот.

Коментар на оваа ситуација сега даде и Марио Балотели кој се огласи преку социјалните мрежи и испрати јасна порака до Леонардо Бонучи. Балотели порача и дека начинот на кој Кин одговорил на навредите бил најдобар можен.

„Браво! А на Бонучи му порачувам само дека имаше среќа што не бев таму. Место да те брани, тој го зборува ова? Човеку, шокиран сум, ти се колнам. Те сака твојот брат“, напиша Балотели.

Критики на сметка на Балотели испрати и Мино Раиола.

„Ако во клубот постојат личности кои не сакаат да се борат против расизмот тие треба да си заминат. Спортот има важна улога во Италија. Помеѓу самите Италијани постои расизам, но сите молчат за тоа. Бонучи е срам за Јувентус и треба да го продадат“, изјави Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…