Магазинот „Франс Фудбал“ кој ја доделува традиционалната и најпрестижна индивидуална награда во фудбалот „Златната топка“ ги објави номинациите за најдобрите за сезоната 2022/2023.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За првпат по 20 години помеѓу номинираните го нема петкратниот освојувач Кристијано Роналдо. Лионел Меси кој ја предводеше Аргентина до светската круна во Катар секако е тука и ја „брка“ својата осма „Златна топка“.
Главен конкурент на Меси е Ерлинг Халанд кој за Манчестер Сити изминатата сезона постигна 52 гола на 53 натпревари и ги освои Премиер лигата и Лигата на шампионите.
HERE ARE ALL THE BALLON D'OR NOMINEES! 🌕✨#ballondor pic.twitter.com/hg1ZByzhDV
— Ballon d'Or #ballondor (@ballondor) September 6, 2023