Дома Фудбал Останато На Рамос му се заканува суспензија од седум натпревари?!

На Рамос му се заканува суспензија од седум натпревари?!

Серхио Рамос во изминатото коло од француската Лига 1 против Ремс заработи црвен картон, а француските медиуми пренесуваат дека стоперот би можел да добие сериозна суспензија.

„РМЦ Спорт“ објави дека судијата во извештајот не спомнал навреда од дефанзивецот, туку исклучувањето било поради агресивен прекршок откако го добил првиот жолт картон.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, на снимката која ја објави Канал плус може да се види дека Рамос на судијата му се обратил со „пута мадре“ на шпански. Ако ваквите информации се покажат како точни, тогаш Рамос би можел да биде суспендиран на дури седум натпревари.

Засега во тек е истрагата на надлежните и се очекува одлуката…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвезда на Реал Мадрид си пресуди – со овој потег ептен го налути Алонсо!

Реал Мадрид со многу напор го победи Хетафе со 1:0, а место на теренот повторно немаше за …