Дома Фудбал Останато „На Меси може му е добро во Барса ама ако сака да ја освои ЛШ повторно ќе мора да си замине“

„На Меси може му е добро во Барса ама ако сака да ја освои ЛШ повторно ќе мора да си замине“

Славниот аргентински фудбалер Марио Кемпес смета дека ако Меси сака повторно да ја освои Лигата на шампионите ќе мора да си замине од Барселона.

Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната, најавите од медиумите се дека ќе биде продолжен, но потврда од него се уште нема. Ситуацијата конечниот расплет ќе го има по завршувањето на сезоната.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„На Меси веројатно му е добро во Барселона, но и самиот знае дека тешко повторно ќе ја освои Лигата на шампионите ако остане во клубот. Последниве години Барселона рано испаѓа, а клубот се мачи и поради финансииите. Ако Меси сака повторно да ја освои ЛШ тогаш ќе треба тоа да го направи со друг клуб. Можеби повторно да се здржи со Пеп Гвардиола во Сити или да оди во ПСЖ или Баерн. Ова се клубовите кои во овој момент имаат и екипи и пари за големи трофеи. За мене Баерн е пред сите затоа што директорите таму мислат со глава, а не со новчаник“, изјави Кемпес.

Сезонава Меси постигна 38 гола на 47 натпревари во Барселона, а подели и 24 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…