Дома Фудбал Лига на шампиони На денешен ден се лизна Џон Тери (ВИДЕО)

На денешен ден се лизна Џон Тери (ВИДЕО)

Поминаа точно 12 години од едно од најинтересните финалиња во Лигата на шампионите.

На „Лужники“ стадионот во Москва силите ги одмерија Манчестер Јунајтед и Челзи. Ова финале остана запаметено по тогаш Џон Тери се лизна во пенал серијата и му овможи на Манчестер Јунајтед да стигне до европската титула.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Беше тоа прво финале во кое се сретнале два англиски клуба. Јунајтед беше предводен од ѕвезди како Роналдо, Руни, Тевез, а на другата страна беа Дрогба, Балак, Лампард…

Јунајтед поведе во натпреварот со голот на Роналдо во 26 минута. Пред самиот крај на првото полувреме Лампард го изедначи резултатот.

Во второто полувреме видовме шанси на двете страни, меѓутоа голови во регуларниот дел како и во продолженијата немаше, па пеналите го решаваа победникот. Во првите осум пенали промаши само Роналдо, Челзи имаше меч топка во петтата серија. Одговорноста ја превзема Тери, но се лизна и ја погоди стативата.

Тоа како да беше преголем шок за „сините“ кои до крајот промашија уште еден пенал, промаши Анелка. Пред тоа сигурен за Јунајтед беше Гигс и славјето помеѓу „црвените“ ѓаволи можеше да започне.

Да се потсетиме како изгледаа и составите:

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД: Ван Дер Сар, Браун, Евра, Фердинанд, Видиќ, Керик, Сколс, Харгривис, Роналдо, Тевез, Руни.

ЧЕЛЗИ: Чех, Есиен, Ешли Кол, Карваљо, Тери, Макелеле, Балак, Лампард, Џо Кол, Малуда, Дрогба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Најцрниот месец во кариерата на Гвардиола: Вакво нешто никогаш не му се случило!

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити го доживуваат најтешкиот период во нивната заедничка сорабо…