Дома Фудбал Германија На Баерн вакво нешто не му се случило досега: Павар е првиот играч во историјата на германскиот гигант кој штрајкува

На Баерн вакво нешто не му се случило досега: Павар е првиот играч во историјата на германскиот гигант кој штрајкува

Французинот Бенџамин Павар е првиот фудбалер во историјата на Баерн кој се одлучил да на штрајк, пишува реномираниот „Билд“.

Досега на германскиот гигнат не му се случило некој фудбалер да одбива да игра, а сега тоа го прави Павар со цел да издејствува трансфер во финишот од преодниот рок. Павар сака да се реализира договорениот трансфер во Интер и во Баерн одолговлекуваат бидејќи се уште немаат замена за него.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На фудбалерот од друга страна му се брза и не сака договорената работа да пропадне, па затоа одлучил повеќе да не тренира со соиграчите. Во првото коло Баерн објави дека Павар имал грип, но набрзо тоа беше демантирано од најголемите германски медиуми. Сега веќе воопшто ниту Баерн не го споменува во здравствениот билетен.

„Очигледно е дека Павар се одлучил на штрајк за да издејствува трансфер. Тој е првиот играч во историјата на Баерн кој се одлучил на такво нешто“, објави „Билд“.

Баерн пред четири години на Штутгарт му плати сума од 35 милиони евра и за гигантот од Минхен одигра 163 натпревари на кои постигна 12 гола и додаде 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…