Дома Фудбал Најстариот шпански клуб беше пред згаснување, а сега е продаден за едно евро

Најстариот шпански клуб беше пред згаснување, а сега е продаден за едно евро

huelva

Kомплетирана e продажбата на најстариот шпански клуб и тоа за само едно евро.

Многумина не знаат дека Хуелва е родното место на шпанскиот фудбал, поточно работниците на железничката кои биле од Англија го основале клубот и токму во овој град бил одигран првиот фудбалски натпревар во Шпанија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешниот Рекреативо е далеку од тоа да биде центар на фудбалските случувања, но сега повторно се најде на насловните страни.

Градот го продаде овој клуб на компанијата „Еуросамоп“ за само едно време со цел да се избегне банкрот и целосно згаснување.

Новите сопственици не мораат ниту да ги платат долговите, тие се направени од градот кој мора да издвои околу седум милиони евра за данок.

Исто така, платени се сметките за струја. Хуелва е во сериозни финансиски проблеми, беше на чекор од префрлување во аматерските лиги, но целосната пропаст беше одложена со помош на навивачите кои собраа околу 655.000 евра и така му оставија на градот доволно време да пронајде решение.

Рекреативо во овој момент е во третата лига, тие се надвор од опасната зона, но сигурно дека ги чека тешка борба за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …