Изгледа е ставена точка за иднината на Хрватот.
Овојувачот на „Златната топка“, 33 годишниот играч за врска ќе ја продолжи кариерата на „Сантијаго Бенабеу“!
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако Модриќ многу се поврзуваше со напуштање на шпанската престолнина тој наскоро ќе стави потпис на нов договор со актуелниот европски шампион.
Минатото лето најмногу со Модриќ се поврзуваше Интер, Перез во текот на оваа сезона се закануваше и со тужба до „нерпаѕурите“ бидејќи сметаше дека италијанскиот клуб ги прекршил правилата во преговарањето.
Тогаш се тврдеше дека неговите сонародници Перишиќ и Брозовиќ ќе бидат едни од главните виновници што Модриќ ќе заврши во Милано, сепак тоа не се случи и по се изгледа нема ниту да се случи.
Како што споменавме Модриќ ќе потпише нов договор со Реал, таа вест денес одекна од седиштето на еден од најреномираните шпански медиуми „Мундо Депортиво“.
Шпанците потенцираат дека постигнат е вербален договор помеѓу Модриќ и раководството на „кралевите“ и дека не постојат шанси Модриќ да го напушти Мадрид.
Оваа вест на „Мундо Депортиво“ практично е надополнување на она што неодамна, односно пред околу една недела го објави „Марка“.
„Марка“ тогаш објави дека освојувачот на „Златната топка“ ќе стави потпис на договор со Реал до 2021 година (тука), а тоа веројатно значи и дека Реал ќе биде неговиот последен клуб во кариерата.
https://www.youtube.com/watch?v=4TCyYk5bLuc