Германски „Билд“ објави листа на 10 најплатени фудбалери за следната сезона, а дури првите три места се резервирани за играчи на ПСЖ.
Килијан Мбапе е убедливо најплатен. Французинот добива неверојатни 1.6 милиони евра неделно, а годишно 83 милиони евра со што е еден од најплатените спортисти воопшто. Зад Мбапе е Меси со 1.1 милион евра неделно, потоа следи Нејмар со 703.000 евра недела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во продолжение следува Мохамед Салах кој неодамна поитпиша нов договор според кој неделно инкасира 464.000 евра. Зад него се Роналдо и Де Брујн со по 20.000 евра помалку. Седмата позиција со по 434.000 евра ја делат Ерлинг Халанд и Давид Де Геа.
Топ 10 листата се завршува со Антоан Гризман и Роберт Левандовски по 400.000 евра неделно.