Дома Македонски спорт Најмладиот дебитант во македонската репрезентација пред трансфер во Штудгарт!

Најмладиот дебитант во македонската репрезентација пред трансфер во Штудгарт!

Најмладиот дебитант во македонската репрезентација Дарко Чурлинов е пред трансфер во Штудгарт објави германскиот весник „Билд“.

Штудгарт долго време го следи Чурлинов и веќе некое време се најавува неговиот трансфер. Сега „Билд“ тврди дека договор може да биде брзо постигнат.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во Келн македонскиот фудбалер сезонава дебитираше во Бундес лигата, но тоа беше на стартот од сезоната, потоа не доби многу прилика за игра. Чурлинов почесто е дел од младинскиот тим на Келн кој се натпреварува во регионалната лига во Германија.

„Трансферот на македонскиот репрезентативец во Штудгарт е пред реализиација“, најави „Билд“ кој важи за еден од најдоверливите медиуми, посебно кога станува збор за германскиот трансфер пазар.

Во овој момент не е познато колку би платил Штудгарт на Келн за да го доведе Чурлинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…