Дома Останати Тенис „Најголем фан сум на Федерер, но мора да признаеме, Ѓоковиќ е GOAT“

„Најголем фан сум на Федерер, но мора да признаеме, Ѓоковиќ е GOAT“

Откако Новак Ѓоковиќ вчера го освои Ролан Гарос и стана тенисерот со најмногу грен-слем титули во историјата, пофалби и честитки на сметка на српскиот тенисер пристигнуваат од сите страни.

Помеѓу честитките кон Ѓоковиќ се вклучи и канадксата тенисерка Еугени Бушар. Бушар како голем навивач на Роџер Федерер кој веќе се пензионираше признава дека Ѓоковиќ е најдобриот во историјата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Најголем фан сум на Роџер, но сите мораме да признаеме дека Новак е неприкосновен GOAT. Тоа што го направи е навистина импресивно“.

Ѓоковиќ сруши бројни рекорди кои ќе останат уште долго, а со оглед на неговата форма се уште може да ги поместува границите во наредните години.

Во својата кариера Ѓоковиќ освои 23 грен-слем титули оставајќи го Рафаел Надал зад себе со една помалку. Исто така од денес Ѓоковиќ повторно е лидер на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која силно одекна на Вимблдон: Алкараз сака многу девојки, затоа Синер ќе биде поголем.

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос во свој стил изнесе став за тоа кого го гледа како погол…