Италијанскиот експерт за трансфер Фабрицио Романо најави дека еден од клубовите кои се интересираат за Дони Ван Де Бек од Манчестер Јунајтед е шпанска Жирона.
Жирона е најголемото изненадување во најсилните европски лиги и по 16 кола се лидери во Ла Лига со 41 бода, а во минатото коло ја победија Барселона на гостински терен.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Информациите на Романо се дека Жирона разговарала со луѓето во Манчестер Јунајтед за можен ангажман на Ван Де Бек.
Планот на Жирона е да го доведе холандскиот играч за врска на позајмица, меѓутоа конкуренцијата е голема. Претходно како главен фаворит за неговиот потпис се споменуваше германски Ајнтрахт.