Дома Трансфер зона Најголемиот талент на Фиорентина донесе одлука за својата иднина

Најголемиот талент на Фиорентина донесе одлука за својата иднина

Фудбалскиот клуб Фиорентина оваа сезона има вистински бисер во своите редови и за него интерес покажаа голем број европски гиганти.

Станува збор 20 годишниот Федерико Киез кој оваа сезона игра фантастично во дресот на Фиорентина и ја воодушевува фудбалска Европа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Најголем интерес за Киез до овој момент покажаа Наполи и ПСЖ, но исто така заинтересирани се Јувентус, Челзи, Интер, Манчестер Јунајтед и Барселона.

Меѓутоа Фиорентина објави дека Киез ставил потпис на нов договор со важност до 2022 година.

„Фудбалскиот клуб Фиорентина со задоволство известува дека Федерико Киез потпиша нов договор со клубот до 30 јуни 2022 година“, стои во официјалното соопштеие од клубот.

Интересно е што во овој договор нема ограничување со клазула за Киез, додека неговата плата достигна два милиони евра годишно. Сепак сигурно дека ниту новиот подобрен договор нема да ги откаже гигантите од намерата да го доведат Киез.

Во досегашниот дел од сезоната Киез запиша два погодоци и три асистенции во 11 натпревари во Серија А.

Иначе, Федерико е син на поранешниот прославен напаѓач на Фиорентина и Италија, Енрике Киез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона потпишува нов договор со уште еден свој „бисер“ – клазулата ќе изнесува 400 милиони евра

По Пау Кубарси и Ламин Jамал, претходно Гави, Педри, Балде, Барселона ќе го продолжи догов…