Дома Фудбал Лига на шампиони НАЈАВА: Тотенхем – Јувентус, анализа, коефициенти, повредени играчи, можни состави…

НАЈАВА: Тотенхем – Јувентус, анализа, коефициенти, повредени играчи, можни состави…

spars juve

Вечерва на програмата од 1/8 финалето во Лигата на шампионите на програмата е реваншот помеѓу англиски Тотенхем и италијански Јувентус.

Јувентус и Тотенхем пред две недели во Торино одиграа еден крајно интересен меч. Јуве водеше со 2:0 по само 9 минути но Тотенхем се врати и мечот заврши нерешено 2:2. Слично очекуваме да биде и во Лондон.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јувентус знае дека многу повеќе нешта се против него. Сепак, тие остануваат тивко уверени во победа на Вембли во Лондон како би се пласирале во следниот круг.

Играта во саботата против Лацио не беше охрабрувачка во однос на перформансите. Старата дама на тој меч имаше само 6 удари кон противничкиот гол од кои само еден во рамките на голот и победи со 0:1. Сепак сега во Англија неможе да се надева на слична реприза од тој меч. Сега Јуве има и една голема позитива, а тоа е цеосното враќање на Дибала кој не играше на првиот меч. Дибала против Лацио одигра 90 минути и јасно е дека сега е веќе 100% подготвен за предизвици.  Реално, тоа и го крена расположението во кампот но и самодовербата на тимот.

Гонзало Игуаин се очекува да се врати по повредата на глуждот и да биде прва закана за Тотенхем како и на првиот меч кога постигна два гола. Тој во Торино стрелаѓе прецизно во 2-та и 9-та минута за рано водство на Јуве, нои промаши пенал па сега најавува дека сака да ја заврши недовршената работа од првиот меч. Oд друга страна пак Алегри на оваа средба не може да смета на Марио Манџукиќ, Хуан Квардадо и Федерико Бернардески кои не отпатуваа со тимот во Лондон.

Maурисио Покетино пак за оваа средба не може да смета на Тоби Алдервилд, Серж Орие, а под знак прашалник е настапот на Муса Дембеле.

Кога се коефициентите во прашање во 10bet за победа на Тотенхем добивате коефицент од 2.20, за реми 3.40, додека за победа на Италијанците коефициентот изнесува 3.45.

Веројатни состави: 

Toтенхем: Лорис, Дејвис, Вертонген, Санчез, Трипиер, Дембеле/Сон, Дајер, Ериксен, Деле Али, Кејн, Ламела.

Јувентус: Буфон, Алекс Сандро, Киелини, Бенатија, Брзаљи, Пјаниќ, Кедира, Матуиди, Дибала, Игуаин, Даглас Коста.

На професионалниот сајт за спортско обложување, кладење.мк можете да ја прочитате целосната анализа и исто така да добиете и предлог тип од вистински професионалци.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул тргнува по Де Јонг

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг и на лето …