Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Египет и Мохамед Салах – „Фараоните“ се враќаат на светските првенства после 28 години

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Египет и Мохамед Салах – „Фараоните“ се враќаат на светските првенства после 28 години

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


До почетокот на Мундијалот остануваат уште точно 30 дена, а откако во претходните два дена ви го претставивме светскиот шампион Германија и домаќинот Русија, денес продолжуваме со репрезентациите од групата „А“.

ЕГИПЕТ

Секако, првата асоцијација во овој момент на Египет е – Мохамед Салах. Човекот кој одигра чудесна сезона и беше избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата, но и ги предводеше „црвените“ до финалето во Лигата на шампионите каде што на 26 мај ќе играат против Реал Мадрид.

Како и во Ливерпул, така и во Египет Салај има епитет на главен играч, во репрезентацијата секако и повеќе. Салах во својата држава ужива огромна популарност, а не можеме ниту да замислиме каков статус би добил доколку Египет направи нешто повеќе на Мундиајлот (пример пласман во четвртфиналето).

Египет на Мундијалот во Русија има незгодна група, но и група од која може да се надева на пласман во следната фаза. Ќе играат во групата „А“ заедно со домаќинот Русија, Саудиска Арабија фаворитот за победник во оваа група, Уругвај.

Селекцијата на Египет во својата историја досега се пласираше на два Мундијали, последен пат на еден Мундијал играа пред 28 години.

Натпреварите во Русија ќе ги започнат против Уругвај на 15 јуни во 17:00 часот, потоа четири дена подоцна во 21:00 часот ги очекува натпревар против домаќинот и за крај на групната фаза играат против аутсајдерот во оваа група Саудиска Арабија, на 25 јуни во 17:00 часот.

Место на Мундијалот обезбедија преку групата во која играа со Уганда, Гана и Конго. Египет го освои првото место во групата со 13 освоени бодови, со учинок од четири победи, една нерешена средба и еден пораз.

Египќаните како и останатите селекции го објавија и дресот со кој ќе настапат во Русија и истиот мора да се признае дека изгледа навистина фантастично.

Селекторот на Египет Хектор Купер се уште не го објавил составот за Мундијалот па според нас ова се фудбалерите кои најверојатно ќе бидат повикани.

Голмани: Есам Ел-Хадари, Шериф Екрами, Мохамед Авад

Одбрана: Ахмед Фати, Ахмед Елмохамади, Мохамед Абдел-Шафи, Ахмед Хегази, Омар Гбаер, Ал Габр, Саад Самир, Карим Хафез.

Среден ред: Мохамед Еленени, Абдалах Саид, Шикабала, Трезеге, Сем Морси, Раманадан Собхи, Таред Хамед, Кахраба

Напад: Мохамед Салах, Марван Мохсен, Коука, Амар Гамал

Coinbet24 веќе ги има сите натпревари за групната фаза на Светското првенство.

Египет е аутсајдер на првиот меч против Уругвај. Коефициентот според Coinbet24 за победа изнесува 5.20 за реми 3.40 додека за победа на Уругвај коефициентот е 1.76

Во вториот меч „Фараоните“ повторно се аутсајдери против домаќинот. Коефициентот според Coinbet24 за победа изнесува 4.15 за реми 3.35 додека за победа на Русија коефициентот е 1.95

Египет е фаворит само во последниот меч против Саудиска Арабија. Коефициентот според Coinbet24 за победа изнесува 1.70 за реми 3.55 додека за победа на С. Арабија коефициентот е 5.50

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…