Mохамед Салах го напушти кампот на Египет и со рехабилитација ќе продолжи во Ливерпул.
Салах се повреди во натпреварот против Гана, а сега повторно би заиграл за Египет на Африканскиот Куп на Нации веројатно само ако оваа селекција стигне до полуфиналето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се најавуваше дека повеќе нема да игра воопшто, меѓутоа од египетскиот табор порачаа дека го чекаат назад.
„Во договор со Ливерпул одлучивме Салах да се врати и да продолжи со рехабилитација таму. Се надеваме дека ќе ни се придружи во полуфиналето“, соопштија од федерацијата на Египет.