Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во залезот на кариерата, но и понатаму се натпреварува на највисоко ниво, сепак факт е дека годините го стигнуваат.
Показател за тоа е и податокот дека Ѓоковиќ за првпат по 19 години ќе заврши сезона без освоена АТП титула.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред неколку дена Новак потврди дека нема да учествува на Мастерсот во Торино и така стана јасно дека ќе има сезона каква што немал скоро две децении.
Дури и во 2017 година кога Ѓоковиќ имаше еден голем пад во кариерата успеа да освои еден турнир, сепак оваа година тоа не се случи. Но, треба да се каже и дека Новак успеа во својата најголема цел, а тоа е да го освои златото на Олимписките игри во Париз кое му недостасуваше во спектакуларната кариера.