Дома Фудбал Англија Натпревар за паметење: Њукасл и Сити одиграа реми со шест гола 🎥

Натпревар за паметење: Њукасл и Сити одиграа реми со шест гола 🎥

Њукасл и Манчестер Сити денес го одиграа најдобриот натпревар во Премиер лигата оваа сезона.

Натпреварот можеби и најреално на крајот заврши без победник 3:3. Од првата минута се играше со многу шанси. Први до водство стигнаа „граѓаните“ преку Илкај Гундоган. Тогаш изгледаше дека ова ќе биде уште еден натпревар во кој Сити лесно ќе запише победа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, од тој момент Њукасл полека ја презимаше иницијативата на теренот и до крајот на полувремето го свртеа резултатот во своја корист. Прво Алмирон изедначи, а потоа Вилсон на пет минути до крајот на првиот дел погоди за 2:1. Тоа беше резултатот со кој се замина полувреме.

Во 52. минута Халанд погодува статива, а само две минути подоцна Трипиер постигнува фантастичен гол од слободен удар за 3:1. Тој гол како беше аларм тимот на Пеп повторно да се разбуди.

Халанд после една мешаница три минути подоцна намали 3:2, а изедначувањето стигна во 64. минута. Де Брујн маестрално го пронајде Бернардо Силва кој го матираше противничкиот голман за 3:3.

До крајот на натпреварот видовме по некоја шанса и на двете страни, но резултатот не се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…