Дома Фудбал Англија Насри го брани Венгер: Виновни се играчите на Арсенал!

Насри го брани Венгер: Виновни се играчите на Арсенал!

Играчот на Севиља и поранешен фудбалер на Арсенал, Самир Насри смета дека кривицата за слабата игра на „топџиите“ не ја сноси менаџерот Арсен Венгер, туку играчите на лондонскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Топчиите“ имаат 10 бода помалку од лидерот Челзи во Премиер лигата, додека во ЛШ ќе им треба вистинско чудо за да ја надокнадат негативата од 5-1 против Баерн Минхен.

Овие резултати дополнително го зголемија притисокот врз Арсен Венгер, навивачите бараат негово заминување, а критиките од медиумите не престануваат.

„Не можеш да критикуваш човек како Венгер, тоа е невозможно. Арснеал беше голем клуб, но тој го направи уште поголем. Мислам дека луѓето мораат да бидам фер, не е негова вина што Арсенал се наоѓа во таква позиција, виновни се играчите. Играчите на теренот ги носат резултатите. Многу работи се случуваат во Арсенал, бордот, играчите, тие треба да се проверат, а не Арсен“, изјави Насри и додаде:

„Тешко ми е да говорам за Венгер. Многу му должам. Ме доведе во Премиер лигата и ме направи подобар играч. Сите кои ќе дојдат во Арсенал, кога заминуваат си одат како подобри фудбалери. Затоа сметам дека тој не е виновен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе кажа дали ќе остане во Реал Мадрид по жестоките критики

Килијан Мбапе стави крај на шпекулациите околу својата иднина во Реал Мадрид, откако јасно…