Италијанскиот клуб Наполи ја одреди цената за дефанзивецот Калиду Кулибали и ги шокираше заинтересираните клубови.
Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи во летниот преоден рок одби понуда од 100 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега работите се променија бидејќи Кулибали не е задоволен во Наполи, а тоа се одрази и на неговите настапи, меѓутоа Наполи нема намера лесно да се откаже од него.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Наполи ќе бара да биде исплатена откупната клаузула која на лето ќе изнесува 150 милиони евра.
Интерес за Кулибали покажуваат ПСЖ и клубовите од Премиер лигата, но прашање е дали се спремни да ја платат таа сума.